збутка | св.

Почне да бутка;

збуца | св.

Одеднаш ненадејно буцне, забоде нешто. Не внимаваше и ја збуца иглата во прстот.

збучи | св.

Одеднаш почне да бучи. Збучи стар автобус.

збушави | св.

Таткото го погали по главата и малку му ја збушави косата.

зван | прид.

Во изразот – звани и незвани – викани и невикани, канети и неканети; кој треба и кој не треба, на кој му е местото (некаде) и на кој не му е, кој има право (на нешто) и кој нема.

звање | ср.

Степен во дејност, во професија. Тој веќе има звање редовен професор. Неговото звање е помошник пилот.

звателен | прид.

звук | м.

Брановидно движење, треперење што се пренесува низ еластична средина и се прима со сетилото за слух. Ритмичен звук. Пријатни звуци. Го заглуши звукот од камбаните.