ѕенѕа | несв.
Доведе некого или нешто во зачестени ритмички, кратки движења напредназад, горе-долу, од една на друга страна. Мајката непрекинато го ѕенѕаше детето в раце.
ѕенѕало | ср.
(разг.) Тој што се ѕенѕа при одење.
ѕенѕер | м.
Вид кајсија; Prunus armeniaca.
ѕиври | и.
Дел од машка долна облека, памучни гаќи со долги ногавици. Тој облече ѕиври и поткошула.
ѕид | м.
Вертикален дел од куќа, зграда и др. врз којшто лежи покривот или дел што го преградува внатрешниот простор. Варосан ѕид. Ѕидови без прозорци. Мала куќичка со четири ѕида од плитар. Дебели ѕидови од камен. Внатрешни ѕидови.
ѕида | несв.
Гради, прави ѕид (од камен, тула, бетон и сл.), куќа, зграда и др. Работниците мешаа малтер, ѕидарите ѕидаа. Ѕидаме нова куќа.
ѕидар | м.
Тој што ѕида ѕид, куќа и др.; занаетчија што се занимава со ѕидање, со градење куќи, згради и др. На сите катови се наоѓаа молери и ѕидари. Тој беше печалбар, ѕидар по занает.
ѕидарство | ср.
Ѕидарски занает; ѕидарска дејност.
ѕиден | прид.
Што е за на ѕид. Ѕиден часовник. Ѕиден календар. Ѕидна светилка. Ѕидни весници.
ѕидиште | ср.
Аугм. од ѕид. Високи, дебели ѕидишта.