изветреан | прид.
Што е изложено на ветреење. Изветреана постелнина. Изветреан парфем.
изветрее | св.
За течност, мирис, алкохол и сл. ‒ испари, исчезне целосно или изгуби карактеристични својства. Парфемот изветреал. Лошата миризба изветреала.
извештаен | прид.
Што се однесува на извештај, што е карактеристичен за извештај, за период кога се поднесува извештај. Извештаен период.
извештај | м.
Соопштение за некаков настан, ситуација, случување, за извршена работа и сл. Извештаите од фронтот се многу конфузни. Пред колективот директорот поднесе извештај за работата во изминатата година.
извештачен | прид.
Неприроден, наместен, усилен. Извештачена насмевка.
извешти се | св.
Стане вешт во нешто, во некоја работа. Се извешти во правење фигури од дрво. Селаните се извештија во лажењето.
извив | м.
Брановидно искривување, менување на правецот на пат или река; свиок, кривина. Извивот на реката беше многу остар.
извива | несв.
За пат, река и сл. ‒ прави кривина, врти од правецот на протегање. Патот извива покрај свиокот на реката. Колоната извива како змија над селото.
извида | св.
Излечи, излекува. Старата му ги извида раните на комитата.
извиди 1 | св.
Проследи како се одвива нешто. Извиди ја работата па кажи што да правиме.