изговори | св.

Оформи глас или низа од гласови со говорните органи. Учениците ги изговараа новите зборови еден по еден. Го изговори нејзиното име со многу љубов.

изговорлив | прид.

Што може лесно да се изговори.

изголта | св.

Голта сè што е за голтање, голта до крај; голта_1_2 Ги изголта сите апчиња. Ја изголта попарата без да трепне.

изгон | м.

Подземна вода, река.

изгони | св.

Избрка од некое место, од местото на живеење или на престој. Тој ги изгони сите од собата.

изгор | м.

Многу жешко време, летна горештина. На овој изгор не се работи.

изгора | ж.

Моја прва изгоро.

изгорен | прид.

Што изгорел до крај, целосно. Изгорени куќи. Изгорена слама.

изгореница | ж.

Изгорено место на кожата, белег на такво место. Имаше изгореници по рацете и нозете.

изгори | св.

а) Заврши со горење; гори Во пожарот изгореа две куќи. б) Заврши со светење; гори 2. Свеќата изгоре.