изгости | св.

Прими, пречека и исчести некого добро како гостин.

изготви | св.

Подготви, изработи, заврши со подготвување. Изготвија нови планови. Министерството го изготви материјалот за наставниците.

изграба | св.

Грабне сè, до крај, целосно; разбојниците изграбале сè.

изградба | ж.

Градење, изградување. Зградата е во изградба. Изградбата на мостот е во тек.

изграден | прид.

Направен, изѕидан, целосно. Изградената куќа не била вселена.

изгради | св.

Подигне, изѕида градежен објект. Изгради куќа на крајот од селото. Селаните изградија мост на реката.

изградувач | м.

Тој што гради, градител. Изградувач на нов свет.

изгребе | св.

Оштети со гребење до крај, целосно, издраска; гребе Ја изгреба тепсијата триејќи ја со остар предмет. Мачката го изгреба по лицето и рацете.

изгрев | м.

Изгревање на сонцето; Од изгрев до залез неговата џиновска фигура се гледаше по нивите.

изгрева | несв.

Излегување, појавување на небесно тело, обично за сонцето и месечината. Месечината изгрева во пет часот попладне.