изјари | св.
За петел ‒ оплоди кокошка. Петелот ги изјари кокошките.
изјари се | св.
За кози ‒ заврши со јарење. Козите рано се изјарија.
изјарми | св.
Извади од јарем. Ги изјарми воловите и ги однесе на поило.
изјаснение | ср.
изјасни се | св.
За небо, време ‒ стане јасен, чист. Небото се изјасни.
излага 1 | несв.
изложи_1 На саемот излагаат домашни и странски излагачи.
излага 2 | несв.
излагач | м.
Лице или правен субјект што излага на саем или на слична манифестација. На саемот се јавија излагачи од многу земји.
излади | св.
Лади целосно, до крај. Дедо ми ја излади лубеницата и ја донесе на масата. Јас ќе си ги изладам нозеве во реката.
излае | св.
За куче ‒ се огласи со лаење, залае.