излаже | св.
Каже невистина, лага. Тој излага дека ќе дојде. Детето ја излажа учителката дека ја напишало домашната задача.
излази | св.
Со лазење излезе од негде или стигне негде. Од кожурците излазија гасениците на свилената буба. Од под каменот излази една змија.
излапа | св.
Изеде лакомо, изеде сè, до крај. Децата лакомо ја излапаа вечерата. Кучето го излапа месото од чинијата.
излачи 1 | св.
Лачи, испушта, произведува некаква материја, секрет, сок и сл. а) За жлезди и сл. Жолчката излачува дневно околу еден литар сок. б) За животно. Кобрата излачува многу силен отров. в) За растение. Ова растение излачува леплив, густ сок.
излачи 2 | св.
Изделува, одвојува. Овчарот ги излачи молзниците од другите овци.
излее | св.
Истури течност од сад и сл., направи да претекува. Тој излеа едно шише бензин на суровите дрва и ги запали. Жената ја излеа валканата вода од кофата.
излежи | св.
Помине долго време лежејќи болен, до оздравување; лежи 2. Ја излежи болеста без да офне. Не ги излежа сите години затвор на кои беше осуден, го пуштија.
излез | м.
Место каде што може да се излезе, предвидено за излегување; влез. Патниците излегоа на задниот излез. Затворениците избегале низ таен излез. На излезот од селото имаше една трошна куќарка.
излезе | св.
Се појави надвор однекаде, напушти некое место, некоја средина. Од сниската куќичка излезе средовечна жена. Густ чад излезе од подрумот. Излезе на порта.
излезен | прид.
Што се однесува на излез. Излезна точка. Излезно решение.