изотвори | св.

Отвори сè што е за отворање. Ги изотвори сите пенџериња. Ги изотвори сите шишиња.

изотерма | ж.

Црти што на географска карта ги спојуваат местата со иста температура.

изотермичен | прид.

Што има еднаква или постојана температура.

изотермички | прид.

Што се однесува на изотерма.

изотиде | св.

За повеќемина ‒ замине, отиде. Гостите изотидоа еден по еден.

изотоп | м.

Хемиски елементи што имаат ист атомски број, а различен масен број, односно имаат ист број протони, а различен број неутрони. Радиоактивни изотопи.

изофка | св.

Офне силно од болка. Тој изофка од силна болка во ногата.

изохипса | ж.

Линија што на географската карта ги спојуваат местата со иста надморска висина.

изработен | прид.

Што е направен како производ на труд, на работа. Изработените брошеви ги изложи во излогот.

изработи | св.

Направи, произведе. Овие чевли ги изработи најдобриот мајстор.