бедевија | ж.
Кобила од арапска раса.
бедем | м.
Висок, дебел ѕид, насип околу тврдина, град и др. Од височините на бедемот стражарите гледале што се случува во дворот. На бедемот од пристаништето бранови се разбиваат со зовриена пена.
беден | прид.
Тој што нема доволно средства за живот; сиромав. Уште како дете татко ти мораше да печали за да ја издржува својата бедна мајка. Имаше во него место и за бедната питачка. Беше родена во бедно семејство.
беди | несв.
Обвинува, клевети. Тој ги бедеше луѓето дека му украле нешто.
бедник | м.
Тој што е во немаштија, сиромав. Пред мене изигруваше милионер, а тој бил најобичен бедник.
бедничок | м.
Дојдов по маката на еден бедничок.
бедотија | ж.
бедрен | прид.
Што се однесува на бедро. Бедрена коска.
бедреница | ж.
Една од трите карлични коски во која е вглавена бедрената коска.
бедро | ср.
Надворешниот горен дел од бутот од коленото до трупот. Мускулите на бедрата му играа поради качувањето по угорницата.