бесмислица | ж.

Својство на тоа што е бесмислено (обично за збор, постапка и сл.), бесмисленост. Ја сфатив сета бесмислица на зборовите. Тоа беше некаква грда шега, бесмислица. Зборува што-годе, бесмислици.

бесмртен | прид.

Што е без смрт, што не умира. Духот е бесмртен.

бесмртник | м.

Тој што е бесмртен.

беснее | несв.

Лудува, води распуштен, распашан живот. Детето беснееше од разгаленост. Младите беснееја до раните утрински часови. Луѓето се опиваат, беснеат, место достојно да го празнуваат сведенот.

бесник | м.

Тој што е немирен, ѓаволест; немирко. Селаните ги знаеја бесниците од селото. Од малечок е голем бесник.

беснило | ср.

Заразна болест кај животни (кучиња, лисици, волци) што се пренесува на човекот со каснување или од директен контакт со заболено животно. Го касна бесно куче и млад умре од беснило.

беснотија | ж.

Состојба на бес.

беспарица | ж.

Скудност во пари, немање пари. Беспарицата ги притиска луѓето. Беспарицата го присили да ги откаже договорите.

беспартиски | прид.

Што не припаѓа на партија; што не се раководи од определени партиски принципи.