бледозелен | прид.

Што е зелен со бледа нијанса. Бледозелен папрат. Бледозелена рамка. Бледозелено лисје. Бледозелени очи.

бледолик | прид.

Што е со бледо лице. Средовечен бледолик човек. Бледолика девојка. Бледолико момче. Бледолики жители.

бледосин | прид.

Што е син со бледа нијанса. Бледосина светлина. Чисто и бледосино небо. Бледосини очи.

бледоцрвен | прид.

Што е црвен со бледа нијанса. Бледоцрвен оган. Бледоцрвена коса. Бледоцрвена патека.

блее | несв.

За овца, јагне – испушта карактеристичен глас. Јагнето блее. Во трлото блееја овците.

блека | несв.

Блекаат јагнињата.

блекне | св.

За овца, јагне – испушти карактеристичен глас. Белото јагне блекна два-три пати.

бленда | ж.

Уред со кој се регулира количеството светлина што доаѓа низ објективот на фотографскиот апарат, микроскопот или рендгенскиот апарат.

блеска | несв.

Силно сјае, силно свети, одразува силна светлина, силен сјај. Августовското сонце блескаше. Во полутемнината блеска месечината. Блеска златниот медал. Езерото блеска со стаклест отсјај.

блескав | прид.

Што блеска, многу сјаен. Блескав сјај. Блескав ден. Блескав меч. Блескава светлина. Блескаво небо. Блескаво сечило. Блескаво сребро.