обележје | ср.

Белег, знак. Државни обележја. Црковни обележја.

обелен | прид.

За човек – што има бела коса; обели 4. Обелен старец.

обели | св.

а) Направи да биде бело, побело отколку што било претходно. Невестата го обели платното на езерото. Овој детергент ги обели пожолтените чаршафи. б) Стане бел. Планините обелеле од снег.

обелиск | м.

Висок камен споменик во вид на столб, обично со четири страни, што се стеснува кон врвот.

обелодени | св.

Изнесе пред јавноста, објави нешто што дотогаш било тајна. Тие ја обелоденија својата свршувачка пред една недела. Тој ја обелодени целата работа во медиумите.

обем | м.

Во геометријата – должина на линијата што ограничува геометриска фигура. Обем на круг. Обем на триаголник.

обемен | прид.

Што се однесува на обем Обемниот простор на кругот.

обере | св.

Собере плодови, растенија или делови од нив со кинење, тресење и сл. Ноќеска некој ги обрал црешите во бавчата. Оваа година рано го обравме тутунот.

обес- | претс.

Претставка/префикс,