облета | св.
Обиколи, помине со летање околу некого или нешто. Една пчела ме облета неколку пати. Рој лилјаци го облета оџакот на куќата.
облече | св.
Стави облека на телото. Таа го облече новиот фустан. Тој ја облече својата војничка униформа. Мајката му облече џемпер на детето.
облечен | прид.
Што е со облека; Тој дојде облечен во бела кошула. Виде девојка облечена во носија.
облива (се) | несв.
облигатен | прид.
Што е задолжителен, што мора да се изврши. Облигатен договор.
облигаторен | прид.
Што задолжува, што е обврзен, принуден; спрот: факултативен. Облигаторни аргументи.
облигација | ж.
Обврска, долг, гаранција. Едногодишна облигација.
облигационен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на облигација; облигациски. Облигациони односи.
облие | св.
оближе | св.
а) Излиже, изеде нешто со лижење. Детето ја оближа лажицата со мед. Мачката го оближа млекото од чинијата. б) Допре нешто со лижење. Тој ги оближа усните испукани од студот. Кравата го оближа телето.