одаде | св.

Поткаже, издаде, предаде некого. Тој ги одаде своите другари партизани.

одаја | ж.

Соба, просторија. Голема одаја. Темна одаја. Празна одаја.

одамна | прил.

Пред многу време, пред многу години, некогаш. Тоа беше многу одамна. Тој одамна го напуштил градот. Жената му умрела одамна.

одамнешен | прид.

Што се случил одамна, пред многу време; некогашен. Одамнешни настани. Одамнешни времиња.

оданаде | прил.

оданочи | св.

Воведе данок; определи износ, висина на данок. Владата го оданочи увозот на земјоделски производи.

одар | м.

Издигнато место, обично со дрвени штици, покрај ѕид во соба, кое служи за седење и за лежење. Во ќошот на одајата се наоѓаше одарот прекриен со килим.

одбашка | прил.

одбегне | св.

Избега, побегне од некого или од нешто. Тие одбегнаа во планината. Јас одбегнав од дома. Тој не успеа да одбегне од судбината.

одбележи | св.

Обележи, означи нешто. Одбележете ги именките во текстот. Тој ја одбележал нивата со камења.