одредба | ж.
Тоа што е пропишано, утврдено, што мора да се спроведува. Законска одредба. Одредби на Правилникот за работа.
одреден | прид.
Утврден, установен, точно, јасно определен;
одреди | св.
Утврди, установи нешто, во некој однос (по број, големина, тежина, квалитет итн.) определи. Злосторникот го фатија, но му одредија мала казна. Јадењето беше блуткаво, не можеше да му го одреди вкусот.
одредлив | прид.
одредливост | ж.
одредница | ж.
Тоа што одредува, што е битно обележје.
одреже | св.
Со режење оддели; отсече, пресече. Кашкавалот беше тврд, одвај му одрежа малку.
одреме | св.
Помине малку време во дремење. По ручекот одрема половина час.
одрече | св.
Побие, не признае нешто што е кажано, направено; одговори со негирање. Обвинетиот одрече дека е виновен.
одречен | прид.
Што одречува, што негира;