Одра | ж.

Река во Источна Европа.

одработи | св.

Изврши определена работна обврска; се оддолжи за нешто (врати долг, надомести однапред или отпосле за слободен ден и сл.). Јас го одработив мојот дел, сега на ред сте вие. Тој го одработи своето и замина во пензија. Ја одработивме саботата за претходниот продолжен викенд.

одраз | м.

а) Одразена слика на нешто во некоја мазна површина (огледало, стакло, вода и сл.). Таа седеше на карпата и гледаше во својот одраз во водата. б) Одблесок, отсјај. Полната месечина имаше прекрасен сребрен одраз на средината од езерото.

одрази | св.

Создаде, направи одраз, слика од нешто на некоја мазна површина (огледало, стакло, вода и сл.). Огледалото ја одрази жената послаба отколку што е навистина.

одрами | св.

Симне од рамо. Ја одрами торбата и седна.

одрано | прил.

Во зори, рано наутро. Тој стана одрано, уште сонцето не беше изгреано.

одрвени | св.

Стане дрво. Стеблото на тоа цвеќе по неколку години ќе одрвени.

одред | прил.

Сите, сè со ред, сè без разлика, без исклучок. Ги претресоа одред. Виновникот не го најдоа, па ги казнија сите одред.

одред | м.

Воена единица или вооружена организирана група со борбена задача. Партизански одреди. Командант на одредот. Одред од педесетина луѓе.