азбучен | прид.
Што е составен по редот на буквите во азбуката; што се однесува на азбука. Азбучна картотека. Азбучна молитва.
азбучник | м.
Регистар, список по азбучен ред.
аздиса | св.
Побесне од изобилство во нешто, се возгордее, се прави важен поради благосостојбата. Имаат па аздисале.
Азербејџан | м.
Држава во Кавказ.
азил | м.
Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји. Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени.
азилант | м.
Лице што бара и користи азил.
азимут | м.
(астр.) Аголот (од 0о до 360о) сметан во насоката од југ кон запад, меѓу јужниот дел на меридијанот на набљудувачот и вертикалата на набљудуваното небесно тело.
Азија | ж.
Континент.
Азијат | м.
Припадник на жолтата раса.
азна | ср.
Благајна, ризница. Целата царска азна да ја испразниш.