разврека се | св.

Почне силно да врека, да вреска, се развреска. Што сте се разврекале толку, доцна е.

развреска се | св.

Почне силно да вреска, да вика. Детето се развреска и почна да плаче. Жената му се развреска на продавачот.

разврзан | прид.

Глаголска придавка од разврзе.

разврзе | св.

Оддели, одвои нешто што било претходно врзано, одврзе; ослободи некого од тоа со што бил врзан или нешто од тоа со што било врзано. Тој го разврза јажето од дирекот. Го разврза шамичето и му подаде една пара. Го разврза коњот.

разврне се | св.

За дожд, снег, град ‒ почне силно да врне. Само што излегоа се разврна.

разврска | ж.

Разрешување на некаков судир; исход, расплет. Никој не можел да предвиди каква разврска ќе произлезе од нивниот судир. На средбата со него ќе биде разврската. Конфликтот во делото се решава со разврска, со среќен завршеток.

разврти | св.

Одврти, разлабави нешто затворено, стегнато. Едвај ја разврте славината на чешмата.

разврши се | св.

Почне силно, енергично да врши жито. Како што си се развршил уште од рано изутрина, брзо ќе завршиш со работата.

разгази | св.

Со газење набие, изгази, израмни снег, кал и сл. Минувачите го разгазија снегот и направија патека.