разгон | м.
Лековито растение со мовлести листови и светлосини или светловиолетови ситни цветови; Veronica officinalis.
разгонетост | ж.
За женско животно ‒ состојба на пројавување нагон за оплодување.
разгони | св.
Изгони на разни страни, растера, разбрка. Редарите ја разгонија толпата.
разгонува се | несв.
За женско животно ‒ пројави нагон за оплодување. Кравите држени во штала се разгонуваат подоцна.
разгор | м.
Време на највисок степен на развој на нешто, момент на полн развиток на нешто. Тоа беше време на најсилен разгор на револуционерното движење.
разгорен | прид.
Глаг. прид.од разгори.
разгорештен | прид.
Глаголска придавка од разгорешти.
разгорешти | св.
Стопли, загрее, вжешти нешто. Топлото сонце ги разгорешти децата.
разгори | св.
Направи да гори силно, распали оган, пламен, распламти. Ковачите ги разгореа огништата.
разграба | св.
Земе бесправно, испокраде сè што може да се понесе. Крадците разграбаа сè што најдоа во куќата.