раја | ж.

(истор.) Немуслиманското поданичко население во Турското Царство, коешто плаќало данок. Измачена раја. Обесправена раја. Христијанска раја. Рајата од сите три вери.

рајатин | м.

Покорен, потчинет христијанин во Турското Царство. Вреден рајатин. Чесен рајатин. Се собрале ем Турци ем рајати.

рајбер | м.

Вид кука, резе за затворање врати, прозорци и сл. однатре. Вратата однатре е затворена со неколку големи рајбери. Таа ги провери рајберите на прозорците.

Рајна | ж.

Река во Германија.

рајски | прид.

Што се однесува на рај. Рајски порти. Рајски градини. Рајско јаболко.

рак 1 | м.

(зоол.) Вид водно животно, заштитено со раковина, со издолжени делови од телото ‒ краци, живее во слатка и во солена вода. Морски рак. Речен рак. Раковите имаат многу вкусно месо. Ловеа риби и фаќаа ракови.

рак 2 | м.

Општ назив за сите малигни тумори; карцином, канцер. Рак на белите дробови. Рак на дојка. Рак на кожата.

рака | ж.

Еден од горните екстремитети на човечкото тело, делот од прстите до горниот раменски зглоб. Десна рака. Лева рака. Момчето си ја повреди раката. Ме фати за рака. Децата високо ги креваа рацете.

ракав | м.

Дел од облеката што покрива дел од раката или целата рака без дланката со прстите. Куси ракави. Долги ракави. Тесни ракави. Широки ракави. Подвиткани ракави. Везени ракави. Фустан без ракави.

ракавец | м.

(мех.) Долгнавест, валчест дел од машина. Хоризонталниот ракавец на моторот од тракторот. Вертикален ракавец.