раскалуѓер | м.

Тој (калуѓер) што се раскалуѓерил или го раскалуѓерил некој. Има многу малку раскалуѓери.

раскалуѓери | св.

Отстрани некого од калуѓерски ред, одземе некому калуѓерски чин; Тој ги раскалуѓери побунетите калуѓери.

раскапан | прид.

Што е скапан, изгниен. Раскапани мрши. Раскапани штици. Раскапан мебел. Раскапано возило.

раскапаник | м.

Што е снемоштен, изнемоштен.

раскапе | св.

Раздроби, разбие, стори да биде на делови, раскрши, претепа. Тој ги раскапа штиците. Тие му ја раскапале главата. Го раскапале од ќотек.

раскапе се | св.

Почне да капе отсекаде, засилено од сите страни; Покривот се раскапа. Стреите се раскапале. Солзите ѝ се раскапаа по образите.

раскара | св.

Предизвика, направи караница меѓу некого, скара. Старата го раскара синот со снаата. Новата невеста ги раскара роднините.

раскасапен | прид.

Што е искасапен, разделен со сечење на повеќе места, на повеќе делови. Раскасапени трупови. Раскасапено тело.

раскасапи | св.

Искасапи, исече на повеќе парчиња месо. Тие ја раскасапија свињата. Го раскасапија овенот и го поделија на соседите.

раскастри | св.

Искастри, со кастрење расчисти. Ја раскастри оградата. Ја раскастри грмушката во дворот.