раскати | св.
Оддели, одвои со катење многу, со засилен интензитет. Децата брзо ја раскатија пченката.
раскачи | св.
Откопча, откачи, раскопча. Таа ги раскачи копчињата на кошулата. Раскачи две копчиња од блузата.
раскашавен | прид.
Што е кашав, мек како каша. Раскашавен снег. Раскашавена маса.
раскашави | св.
Направи нешто да биде меко како каша. Таа го раскашави гравот. Работниците го раскашавија цементот.
раскашла се | св.
Почне да кашла силно, многу и зачестено. Таа се раскашла, не можеше здив да земе. Децата се раскашлале.
расквака се | св.
Почне да квака многу, зачестено и во голема мера. Жабите се расквакале.
раскваси | св.
Натопи со некоја течност или со вода. Му ја раскваси устата на болниот со вода.
расквичи се | св.
За животно (прасе и сл.) – почне да квичи многу, зачестено и во голема мера. Во кочината се расквичиле прасињата.
раскива се | св.
Почне да кива силно, многу и зачестено. Детето се раскива и крена температура.
раскикоти | св.
Засмее, насмее, предизвика гласна смеа кај некого. Тој ги раскикоти присутните со своите досетки. Смешните инсерти ги раскикотија присутните.