раскилави | св.
Направи некој да стане килав, да добие кила. Полека, ќе го раскилавиш детето.
раскин | м.
Целосен прекин, раскинување на некаков договор, дружење, контакти и сл. Тие потпишаа раскин на договорот. Раскин на брак. Раскин на нивното дружење. Раскинот ја погоди само неа.
раскинат | прид.
Глаголска придавка од раскине.
раскине | св.
Скине, искине на парчиња, растргне. Тој го раскина писмото на ситни парчиња. Иван ја раскина кошулата со заби. Кучето го раскина пердето.
раскинлив | прид.
Што може да се раскине. Раскинлив договор.
раскинувач | м.
Лице што раскинува. Тој е раскинувачот на договорот.
раскинувачка | ж.
Раскинување; На свршувачката не дојде, ама на раскинувачката беше прв.
раскинувачки | прид.
Што раскинува, што се однесува на раскинување. Раскинувачка средба. Раскинувачки состанок.
раскисели | св.
Направи нешто да стане кисело. Таа им ја раскисели салатата со јаболков оцет.
раскисне | св.
Стави нешто да кисне во вода, во течност до размекнување. Таа ги раскисна алиштата во топла вода.