распадливост | ж.
Својство на тоа што може да се распадне. Материјата се загрева до степен на распадливост.
распадне се | св.
Загуби целост, единственост, се уништи. Од невремето оградата се распадна. Фасадите од зградите се распаднаа од земјотресот.
распаќе | ср.
распакува | св. и несв.
Извади, вади предмети од куфер, торба и сл., растури, растура пакет;
распалави се | св.
Почне да палавее, да прави лудории, да лудува. Гостите се распалавија. Славеникот се распалави, се разгали многу.
распален | прид.
За оган ‒ разгорен, распламтен. Распален оган. Распалени дрва.
распали | св.
Направи да стане оган, да почне нешто да гори; запали, разгори. Таа го распали огнот. Коледарите распалија голем оган. Тој ја распали печката.
распалив | прид.
Што може да распали лесно оган, што се распалува лесно. Сувите гранки ги користеше како распалив материјал.
распаметеност | ж.
Состојба на тој што е распаметен, што изгубил памет; избезуменост.
распамети | св.
Извади од памет, избезуми некого, уплаши некого со своите постапки до поулавување. Таа ги распамети децата со својата строгост. Момчето ги распамети родителите.