станар | м.
Тој што живее во стан. Нов станар. Станари од првиот кат.
станарина | ж.
Наемнина за стан. Тој плаќа голема станарина.
станбен | прид.
Што се однесува на стан. Станбен кредит. Станбена површина. Станбена изградба. Станбено прашање. Станбени услови.
стандард | м.
Пропис, норма што ги определува размерот, формата, квалитетот, вредноста и сл. според кои треба да се сообрази нешто.
стандарден | прид.
Што одговара на определен стандард. Стандарден производ. Стандардни инструменти. Стандардна димензија. Стандарден квалитет.
стандардизација | ж.
Стандардизирање, воведување на стандарди. Стандардизација на производството.
стандардизира | св. и несв.
Воведе, воведува стандарди на нешто.
стане 1 | св.
Застане на нозе, се исправи, промени положба на седење, лежење. Учениците станаа од место. Момчето наеднаш стана и излезе од собата. Старецот полека стана од креветот.
стане 2 | св.
Во сложени состави со именски дел значи: добие промена, ново својство, особина и сл., се претвори во тоа што го означува именскиот дел. Стане лекар. Стане мајка. Стане пепел. Стане богат. Стане нервозен.
станиол | м.
Сребренеста фолија од калај што се користи за пакување.