театар | м.
Вид уметност во која драмскиот текст се претвора во сценска изведба пред публика со учество на актери, со примена на сценографија и др. Тоа ги опфаќа сите гранки на уметноста, литературата, театарот, ликовната и музичката уметност. Театар на апсурдот.
театарски | прид.
Што се однесува на театар, што припаѓа на театар, што е поврзано со театар. Театарска претстава. Театарска група. Театарски критичар. Театарски уметници. Театарска завеса.
театрален | прид.
Што се однесува на театарска игра, на глума, што е поврзан со театар; драмски. Театрални дејства. Театрален јазик.
театро | ср.
театролог | м.
Тој што се занимава со театрологија, специјалист по театрологија.
театрологија | ж.
Наука за театарската уметност.
Теба | ж.
Древен град-држава во античка Грција; древен град во Стар Египет.
тебабија | ж.
(арх.) Придружба на достоинственик, свита. Кметот дојде со целата тебабија.
тебдил | м.
Тој што е преправен, преоблечен; маскиран. Тој се сторил тебдил и никој не го познал.
тебе | зам.
Долга форма од личната заменска форма ти; се употребува самостојно, со некој предлог или со кратката заменска форма за директен предмет тебе ти и индиректен предмет тебе те. Ние сметаме на тебе. Тоа е тешка задача за тебе. Тебе ти велам, немој да зборуваш! Каде си до сега, тебе те чекаат луѓево.