демодиран | прид.

Старомоден, излезен од модата. Демодиран костум. Демодирано палто.

демократ | м.

Приврзаник на демократијата.

демократизација | ж.

Спроведување на демократски начела и принципи во животот, ширење демократија. Процес на демократизација. Целосна демократизација.

демократизира | св. и несв.

Воведе, воведува демократски начела и установи, шири демократија. Новото уредување ги демократизира односите меѓу луѓето.

демократичен | прид.

Што има својства на демократија, што е во демократски дух. Демократичен човек.

демократија | ж.

Облик на државно уредување во кој суверената власт му припаѓа на народот, систем на народно владеење. Античка демократија. Буржоаска демократија. Економска демократија. Либерална демократија. Народна демократија. Социјалистичка демократија.

демолира | св. и несв.

Уништи, уништува, урне, урнува, (раз)руши. Ја демолираа зградата.

демон | м.

Кај старите Грци – божество, добар или лош дух врзан за судбината на еден човек. По еден демон бдее над секој човек.

демонологија | ж.

Наука за верувањето во демони и во натприродни суштества.