длабоко- | претс.
Како прв дел од сложенки, означува дека тоа што е искажано со вториот дел е содржано во голема мера: длабокомислен, длабокомисленост, длабокоумен, длабокопатриотски.
длабочи | несв.
длабочина | ж.
Растојанието од површината, од врвот на нешто до дното или до некоја точка надолу; височина. Морска длабочина.
длан | м.
дланка | ж.
(анат.) Внатрешната страна на шаката без прстите. Во дланката држеше ситна пара.
длапка | ж.
Вдлабнатина, дупка, јама. Јадрите граорести очи потонаа подлабоко во очните длапки. Многу подоцна ја здогледа големата длапка во снегот.
длапчест | прид.
Што е нерамен, со длапки.
длето | ср.
Челична алатка што служи за длабење во дрво или во камен; резбарска алатка. Тој резбареше со нож и со едно длето.
дневен | прид.
а) Што се однесува на денот. Дневна светлина. Дневна температура. б) Што се случува дење, што се извршува преку ден. Дневни задолженија. Дневна работа. в) Што се извршува во текот на еден ден, еднодневен. Дневен трошок. Дневен пазар. Дневна листа на јадења.
дневник | м.
Книга во која се запишува што се работи секој ден или се забележуваат настани и впечатоци од текот на денот.