доброволец | м.

Лице што доброволно, по своја желба, врши, прави, исполнува нешто. Тој се пријави како доброволец во војска.

добродетел | ж.

(книж.) Позитивни, добри особини, морална чистота, непорочност. Ако има некоја добродетел што ја ценам кај жената, тоа е искреноста.

добродетелен | прид.

Што се одликува со добродетели, со високи морални особини. Добродетелен маж. Добродетелни цели.

добродетелство | ср.

Особина на тој што се одликува со добродетели, со високи морални особини. Не знаеше дали ќе биде доволно цврста за тоа добродетелство.

доброди | св.

Пристигне пловејќи. Бродот наш ќе доброди по мирни води.

добродушен | прид.

Што е со добар, благ карактер; што е со добро срце, срдечен. Пред трошната куќичка ме пречека добродушна жена.

доброи | св.

Изброи до крај. Продавачот ги доброи парите и ги стави во касата.

добронамерен | прид.

Што има добри намери, што сака да прави добро на другите. Губернаторот се искажа за него дека е добронамерен човек.

добрососедство | ср.

Состојба на добри односи меѓу соседи. Тоа решение отвора вистински и трајни перспективи за добрососедство, дружба и соработка.