довлачи | св.

Заврши со влачењето на волната или нивата. Жената ја довлачи волната. Селанецот ја довлачи нивата.

довлезе | св.

Влезе до крај. Тој довлезе во дворот за да види од каде доаѓа гласот.

довлет | м.

Среќа, благосостојба, богатство.

довлече | св.

Со влечење донесе, премести нешто до определено место. Поарно ќе биде ако довлече плочи па покривот да го направи од нив.

довод | м.

а) Спроведување до нешто, донесување (нафта, вода и сл.). Тие поставија големи цевки за довод на вода. б) Средство, инсталација за проток на вода, нафта и сл.

доводен | прид.

Што служи за доведување, за спроведување на нешто. Доводните вентилациони канали се поставуваат на страните на објектот.

довоз | м.

Донесување стока со превозно средство. Довозот на стоки во тие услови беше отежнат.

довози | св.

Извози до крај; заврши со возењето. Возачот на формула го довози последниот круг.

доволен | прид.

Што е во онаа мера колку што е потребно; достатен. Самиот тој чин бил доволен за да ме згазат. Јас не сметав дека таа казна му е доволна. Доволен е само еден збор, па целиот одред да јурне. Раководителите не успеаја да бидат во доволна мера во согласност со барањата на нивната работа.