доверлив | прид.
Што се засновува на доверба, отворен, искрен. Доверлив другар. Доверлив разговор.
довесла | св.
Дојде, пристигне со веслање. Четворица морнари довеслаа до брегот.
довечер | прил.
Во оваа вечер. Така се спремија да ги дочекаат гостите довечер. Ќе појдеш ли довечер кај нашине?
довечера | св.
Заврши со вечерата. Некаде пред да довечераат, таа го сети на себеси погледот на татка си.
довиди | св.
Опфати со поглед, забележи. Не можеше да ја довиди во големата толпа народ.
довие | св.
довик | м.
Извик, повик. Од долните ливади се слушаа довиците на носачите. Дури на третиот довик одговорив.
довика | св.
Повика некого, вика гласно по некого од извесна далечина. Селанецот го довика, но момчето се правеше дека не го слуша.
довикне | св.
Повика некого, вика гласно по некого од извесна далечина; со викање соопштува нешто од извесна далечина. Кога сакав да си одам, ми довикна, но јас не сакав да го чујам. Исплашен тој едвај стаса да им довикне на другарите: – Лежете!
довитка | св.
Намота до крај. Бабата го довитка клопчето.