долежи | св.

Лежи до определено време, заврши со лежење. Не можев да долежам в кревет.

долен | прид.

Што е долу, под нешто друго, што се наоѓа на помала висина; горен. Долна усна. Долна страна. Долни гранки. Долни скалила.

долепи | св.

Заврши со лепењето. Ги долепив сите плакати.

долет | м.

Долетување, доаѓање во лет. Авионот имаше успешен долет.

долета | св.

Дојде, стигне со летање. Една пчела долета низ прозорецот. Долетаа големи јата птици.

долж | предл.

По, покрај должина на.

должен | прид.

Што има долг за плаќање, за враќање; должи1 Тој никому должен не останува. Останаа должни седумнаесет лири.

должи 1 | несв.

Има долг, должен е некому. Ти ми должиш мене пари и брашно. Уште ми ги должи парите што му ги дадов.

должи 2 | несв.

Продолжува, развлекува нешто во должина, прави да биде уште подолго. Облаците ги должеа своите сенки. Таа знаеше да ги должи вечерите како преѓата на своето вретено.

должина | ж.

Простирање, протегање на нешто од едниот до другиот спротивен крај, обично во хоризонтален правец. Во должина на пристанишниот кеј лежеа купишта сандаци. Улицата беше препречена по целата своја должина. Се спружи со сета своја должина врз фотелјата.