забоцка | св.

Почне да боцка. Тој ги забоцка децата со стапот по босите нозе.

забошоти | св.

Направи да се отстрани, да се прикрие нешто од вниманието на другите, да не се земе предвид, да се заборави. Тој цинично го забошотил проблемот. Успеавме да ја забошотиме работата.

забошотувач | м.

Тој што забошотува нешто; Тој е познат забошотувач.

забрави 1 | св.

Заклучи, затвори. Се обиде да ја забрави вратата од спалната, но клучот ѝ откажа.

забради | св.

Стави на глава шамија, шал и сл., врзувајќи ги краиштата под брадата. Бабата ја забради шамијата и отиде в црква. Мајката му го забради шалот на детето и го пушти надвор да си игра.

забразди | св.

Почне да бразди; бразди 1, 2, 3 и 4. Цврсто држејќи го плугот, ја забразди нивата. Небото го забраздија молњи.