заброди | св.

Почне да броди; броди Забродија по синото море.

заброи | св.

Почне да брои; Замижа и ги заброи ударите по грбот. Тој ги заброи парите.

забрсти | св.

Почне да брсти. Козата забрсти од младото дрвце.

забрца | св.

Почне да брца; брца_1_2 Детето ги забрца рацете во водата. Тој ја забрца раката во торбата.

забрчи | св.

Почне да брчи; Забрчи автомобил по нашата улица. Забрчија пчелите околу улиштето.

забувта | св.

Почне да бувта;

забуди | св.

Почне да буди некого;

забули | св.

Направи некој да стане була, направи була, потурчи жена. Бегот ја забули најубавата мома во селото.