забремени | св.
Остане бремена; затрудни. Таа забремени веднаш по свадбата.
забреца | св.
Почне да бреца. Неговите зборови го забрецаа.
забрза | св.
Почне да брза; брза_2 Забрза по улицата. Го забрза чекорот. Го забрзаа одот.
забрзан | прид.
Што се прави, се одвива побрзо од обично. Забрзан развој. Забрзано дишење. Забрзани чекори.
забричи | св.
а) Почне да бричи некого; бричи Берберот го забричи младото момче. б) Почне за првпат да бричи некого; бричи Утре кумот ќе го забричи младоженецот.
забрише | св.
Избрише нешто малку, згора-згора. Ја забриша потта од челото. Ги забриша со ракавот насолзените очи. Ќе си ги забришете чевлите и ќе влезете внатре.
забрка 1 | св.
Замеша, измеша нешто. Брашното го забрка со вода.
забрка 2 | св.
Почне да брка;
забркан | прид.
Што е заплеткан, нејасен; забрка1_2 Оваа работа му изгледаше премногу забркана.
забрливи | св.
Направи некој да стане брлив. Пијачката го забрливи.