закрди | св.

Одведе добиток на пладнување. Овчарот го закрдил стадото под дабот.

закрека | св.

За жаба – почне да крека. Од барата закрекаа жаби.

закрене се | св.

Тргне на пат со определена намера, по определена работа, задача. Се закренал по сите роднини да ги кани на свадба.

закрепи | св.

Придржи, за извесно време, некого или нешто да не падне. При излегување од колата возачот го закрепи старецот. Тие ја закрепија вратата што се скрши да не падне.

закрепне | св.

Зајакне, се поврати од нарушена во нормална здравствена состојба. Тој закрепна по неколку дена.

закрепник | м.

Заштитник; покровител. Капетанот беше негов закрепник.

закрепнувачки | прид.

Што има сила, моќ да закрепне, да зајакне. Закрепнувачко дејство.