зорле | прил.

Со сила, на сила. Зорле го однесоа во болница.

зорнина | ж.

Рана зора, време на развиделување, пред изгревање на сонцето.

Зорница | ж.

Утринска ѕвезда; народно име за планетата Венера; Вечерница.

зорт | м.

Мака, напор. Со зорт се печалени париве.

зошто | прил.

Во прашање – поради што, заради што, од која причина. Зошто не дојдовте? Зошто не им кажа? Зошто си го купил ова?

зрак | м.

Тесен сноп светлина кој доаѓа од некој извор што силно свети. Сончев зрак. Зрак светлина. Месечев зрак.

зрачест | прид.

Што има форма на зраци, што се шири како зраци. Светилката даваше зрачеста светлина.

зрачи | несв.

Пушта зраци, пушта светлина или енергија од себе. Месечината зрачеше во ноќта. Светилката зрачеше дополнителна топлина во собата.

зрее | несв.

а) Станува зрел, узрева. Грозјето зрее. Житото зрее. б) За некои производи – стасува за употреба, добива вкус. Биеното сирење се остава да зрее.