јаве | ср.

јавен | прид.

Што не е таен; отворен за сите што се заинтересирани; таен. Јавна расправа. Јавна дискусија. Јавен конкурс.

јави | св.

Соопшти, извести, објави вест. Утрово ми јавија за тоа. Медиумите јавија за инцидентот.

јавка | ж.

(воен.) Договорен таен збор или реченица што се употребува во стражарската служба или во конспиративни активности, лозинка, знак за препознавање. Не јавувај се на ништо освен на јавката. Ја пренесе јавката.

јавне | св.

Се качи, седне на грбот на животно. Го јавна магарето. Доаѓаше јавнат на коњ.

јавност | ж.

Множество информирани и упатени граѓани што учествуваат во општествениот и политичкиот живот, а со својот активен однос го формираат и го изразуваат јавното мислење. Македонската книжевна и културна јавност. Европската фолклористичка јавност. Пошироката јавност.

јавор | м.

Вид листопадно шумско дрво од фамилијата Aceraceae; Acer pseudoplantanus. Црвен јавор. Бел јавор.

јаврија | ж.

Кокошка што сè уште не почнала да несе јајца.

јагарец | м.

Жлезди на вратот во вид на грутчиња. Му се јавија јагарци под ушите.

јаглак | м.

Везено шамивче што се подарува на девојка или на момче.