блесок | м.

Силен, заслепувачки сјај, силен отсјај. Блесок на месечева светлина. Блесок на громови. Утрински блесок. Две сини очи истураа влажен блесок. Чудесен блесок во очите.

блести | несв.

Светла блестат. Езерото блестеше на сонцето.Очите блестеа. Блештат молњи. Блешти круната. Блешти витрината.Блешти убавината.

блеф | м.

Измама преку преувеличување или лажно претставување на вистинската состојба. Политички блеф. Блеф од реклама. Тој не е за блеф. Многу блефови.

блефира | несв.

Прави блеф, измамува, залажува. Играчот на покер блефираше во играта. Не блефирај, ти синоќа најмалку пиеше. Тој блефира на секој чекор.

блех-музика | ж.

Музика што се изведува на лимени дувачки инструменти. Дочек со блех-музика, народни песни и ора. Се одгласуваа фолкорни звуци, блех-музика.

ближен | прид.

Тој што е во блиски родниниски или пријателски односи. За доброто на ближниот. Да најдеме некој ближен за да помогне. Таткото и ближните ја нарекуваат убавица.

ближи | несв.

ближи се | несв.

Се приближува просторно. Познат чекор се ближи. Се ближи колона војници. Се ближеше кон излезот. Се ближевме кон селото. Се ближат коњите.

близина | ж.

Мало растојание меѓу две точки, предмети во просторот; спрот. далечина. Определена близина. Непосредна близина. Дуќанот се наоѓа во близина на булеварот. Нема луѓе во нивната близина.

близнак | м.

Машко дете од (обично) две деца родени при едно породување. Близнак за близнак умира. Роди близнаци по вторпат. Две деца близнаци, брат и сестра. Количка за близнаци.