близначка | ж.
Женско дете од близнаци. Едната е близначка. Две сестри близначки.
близни се | несв.
Раѓа близнаци. Баба ми двапати се близнела. Овците се близнат. Стадо ми се објагнило, половината се близнило.
близок | прид.
Што се наоѓа на мала оддалеченост; спрот. далечен. Близок пожар. Свежина од блиската вода. Отидоа до блиската ливада. Од блиските конаци се слушаат пискоти. Среќавав жени од блиските села.
близу | прил.
На мало растојание, во близина, недалеку. Изворот е близу. Војниците беа блиску.
блик | м.
Тенок истек на течност од нешто. Блик вода. Бликот од чешмата. Тенок блик млеко му се цеди во устата. Врелите бликови на минералната вода.
блика | несв.
Тече, истекува, се разлева силно, во големо количество. Меѓу камењата блика чиста вода.Од носот му бликаше крв.
бликне | св.
Шурне; потече силно, изобилно. Од челото му бликна крв и му го облеа лицето. На жената ѝ бликнаа солзи. Бликнаа солзи ко немирни води.
блиндира | св. и несв.
Заштити, заштитува со челичен оклоп (обично автомобил, воз, врата и сл.).
блиндиран | прид.
Што е заштитен со челичен оклоп. Блиндиран воз. Блиндирана кола. Блиндирани возила.
блинкер | м.
Вештачки мамец, направен од метал или од друг материјал што служи за ловење риби, обично во спортскиот риболов. Рибата го скина конецот сосе блинкерот. Некои рибари се враќаа со блинкери в раце, а торбите им беа празни.