бракоразвод | м.
Развод на брак по судски пат.
бракоразводен | прид.
Што се однесува на развод на брак. Бракоразводна парница.
бран | м.
Издигнат дел водена маса што се движи. Големи бранови ги заплиснуваа бреговите на јужните мориња.
брана 1 | ж.
Дрвена направа или железно, запчесто орудие, за претсеидбена површинска подготовка на почвата или за негување на културите по сеењето. Разбивањето на корката на почвата се врши со железни брани.
брана 2 | ж.
Насип, вештачка преграда од земја, од бетон што го спречува течењето, движењето на водена маса до одредена височина. Кај Маврови Анови ќе се крене голема земјена брана.
бранач | м.
браненик | м.
Место каде што е забрането сечење дрвја; забел.
бранест | прид.
Што има форма, што е во вид на бран. Ридовите се спуштаа бранесто сè до реката. Бранестата земја во подножјето на ридиштата беше изорана и подготвена за сеење.
брани | несв.
а) Чува, штити некого од напад. Комитите го бранеа народот од турскиот аскер. Квачката ги бранеше своите пилиња од јастребот. б) Застапува некого на суд, е негов бранител.
браник | м.
Предмет или дел од предмет што е во функција да брани, да штити. Браник на автомобил.