бранител | м.

Тој што брани од нешто. Бранители на татковината.

бранлив | прид.

Што се однесува на бран, што е како бран. Бранлива нерамнина.

бранов | прид.

Што се однесува на бран. Бранова должина.

брановиден | прид.

Што има облик на бран. Под патот се простираше пространа брановидна ливада. Брановидно движење.

брановит | прид.

Што е во вид на бранови, што има бранови. Брановити коси. Брановито море. Брановита долина.

браноса | св.

Поминува со брана преку орана нива. Тој вчера ја браноса нивата.

бранува | несв.

Предизвикува бранови на голема водна површина. Југот го брануваше езерото.

бранша | ж.

Гранка во некоја дејност: во трговијата, занаетчиството, индустријата; струка. Луѓето од нашата бранша не дејствуваат на тој начин.

браон | прид.

Кафена боја, нешто што е во кафена боја. Браон палто.

брат | м.

Син во однос на друго или на другите деца од исти родители. Имав јас двајца браќа и една сестра. Постариот брат беше висок и убав човек.