Бриџтаун | м.

Главен град на Барбадос.

брка | несв.

Гони, тера. Ловците и кучињата го бркаа волкот. Аскерот ги брка голораките селани по полето.

бркалка | ж.

Лажица со која се меша, се брка тоа што се готви; боравалка. Бркалката обично е поголема дрвена лажица.

брканица | ж.

Бркање, гонење воопшто. Опасната брканица по планината продолжува.

бркне | св.

Изгони, истера малку, еднаш.

бркотија | ж.

Брканица, мешаница, метеж, дармар. Во салата настана невидена бркотија.

бркотница | ж.

Бркотија, мешаница. Штрајкот на камионџиите направи невидена бркотница во градот.

брл | м.

Болест кај овците во мозокот од која овцата само се врти.

брле | ср.

Оној што е брлив, глупав, будала. Брле ниедно! Тој е брле.

брлив | прид.

Што е болен од брл. Брлива овца.