буца (се) | несв.
а) Боде, прободува. Детето со прстето ги буца сите присутни. б) (прен.) Козинавите покрови буцаат.
буцка | несв.
Боде, прободува. Тој ме буцкаше со прстот во слабината.
буцкало | ср.
Сврдел, шило, тоа со што може да се буцка.
буцканица | ж.
Везало, сè во што се боцка со игла со цел да се навезе, закрпи, сошие и сл. Доста ми е од твоите буцканици.
буцне | св.
Прободе. Стариот со бастунчето буцна во вреќата.
бучава | ж.
Бука, ширење силни звуци. На полноќ се чу бучава, потоа татнеж.
бучавица | ж.
бучен | прид.
Што прави многу бучава. Бучните караници обично завршуваа со тепачка.
бучи | несв.
Прави бука, бучава. Нашиот лифт бучи. Бучеа снежните води на Бабуна.
буша | ж.
Раса домашно говедо.