бев | несв.

Минато несвршено прво лице еднина од сум. (бев, беше, беше; бевме, бевте, беа). Јас бев дојден. Јас бев замислен. Да бев јас во неговата кожа истото ќе го сторев.

бег 1 | м.

Благородничка титула, титула на феудален земјопоседник или на заповедник во Турското Царство; кога стои со името обично се става по името. Пред него стои бег со чалма и димискија в раце. Сулејман-бег. Осман-бег. Рустем-бег.

бег 2 | м.

Бегство, бегање, забрзано движење, движење нанекаде со трчање. Непријателот се даде во бег кон планината. При бегот од поплавата ги оставија куќите.

бега | несв.

Се оддалечува со трчање. Си удрил да бегаш надолу кон селото. Летна да бега дома.

бегалец | м.

Тој што избегал од местото каде што требало да биде, од своето живеалиште или од својата татковина, што го напуштил родниот крај, што отишол од родната земја. Стигна една композиција од дваесетина вагони со бегалци што се враќаа од Војводина. Дел од бегалците решиле да се вратат во родниот крај.

бегалка | ж.

Девојка која бега од родителите кај младичот за да се мажи. Јас бев бегалка во неговата куќа. Ја зел невестата бегалка.

бегалко | м.

Бегалец, обично од некоја работа. Тој е бегалко од училиште.

беганица | ж.

Панично бегство, бегање. Започна страшна беганица. Тој поинаку ја разбираше таа нејзина беганица.