безволен | прид.
Што е без волја, нерешителен, рамнодушен. Безволен, неамбициозен, млад човек. Безволен болник. Тој ги осудуваше безволните луѓе.
безволие | ср.
Отсуство на волја, рамнодушност, апатија. Се пожали на безволие и чудна премаленост. Тој беше занесен со безволието што ги зафаќа луѓето кога ќе се исплашат.
безволник | м.
Тој што е без волја. Безволникот талка попусто, сам, со вџашен лик.
безволно | прил.
Без волја, рамнодушно, апатично. Одговори безволно. Пијаниот чекореше безволно и тромо кон домот.
безвреден | прид.
Што е без вредност; без значење, бескорисен, неупотреблив. Безвредни стари пари. Безвредна акција. Безвредно оружје.
безвредносен | прид.
безвремен | прид.
Што не се случува во соодветно време; предвремен, преран. Безвремена умирачка. Безвремено стареење.
безвучен | прид.
Што е без јасен звук. Одговори со безвучен глас.
безглав | прид.
Што е без глава, што нема глава. Безглава птица. Безглава статуа.
безгласен | прид.
Што е без глас, без шум; нечуен, тивок. Безгласен револвер. Безгласните волци со скокови се ближеа до трлото. Безгласен ветер. Водата беше безгласна.