возведе | св.
Истакне, издигне до некој степен. Тој обичај сака да го возведе во правило.
возвеличува | св.
Фали, велича многу некого или нешто. Во песната го возвеличува и слави човечкиот труд.
возвишен | прид.
Што заслужува или влева почит, што е морално и духовно високо издигнат. Тоа е највозвишениот тип на жена. Има напишано и други повозвишени дела.
возвишение | ср.
Место што се издига малку повисоко над околината. Карпесто возвишение. Подножјата на возвишенијата.
возвиши | св.
Крене, дигне нешто нагоре. Ја возвиши кротката душа над грешното тело.
возврат | м.
Постапка со која на ист или сличен начин се возвраќа некому за укажаната помош, внимание и сл.; оддолжување. За возврат, девојките биле богато наградени. За возврат таа беше готова да ги заборави нивните сплетки.
возвратен | прид.
Што е повратен, оддолжен. Возвратна посета. Возвратни услуги.
возврати | св.
Врати некому со иста мера, на ист или сличен начин за определена услуга, помош и сл.; се оддолжи за нешто. Таа дискретно му намигна, а тој возврати. Јас не возвратив на нејзините навреди. Сакаше да ѝ возврати за укажаната помош.
возглавница | ж.
Перница. Бев потпрен на купче возглавници.
возгордее се | св.
Се вообрази, стане многу горделив, надмен. Нема да се возгордее и да започне со раскошен живот. Се возгордеаја и гледаа напорки. Не се возгордеа со своето потекло.