воздејство | ср.
Дејство, влијание. Творел под воздејство на народната литература.
воздејствува | несв.
Дејствува, влијае. Се напрегал да воздејствува на една заостаната селска средина.
воздив | м.
воздивка | ж.
воздивне | св.
Испушти воздишка (од жал, од копнеж и сл.). Воздивна од умора. Воздивнаа олеснето. Тажно воздивнувал.
воздига | несв.
Дава сила, волја, подига во морална смисла. Песната ја воздига душата. Тој факт нè воздига до смислата на нашето постоење.
воздигне | св.
Истакне, издигне до висок степен. Неговата праведна борба го воздигна до легенда.
воздишка | ж.
Длабоко вдишување или издишување како израз на физичка или душевна болка, тага и сл. Тажна воздишка. Длабока воздишка. Љубовни воздишки.
воздржан | прид.
воздржлив
воздржи се | св.
Се совлада во изразување на своите чувстава и мисли. Се воздржав да не викнам. Се воздржуваше од зборување. Одвај се воздржал да не се насмее.