возроди | св.
возљубен | прид.
Што е многу сакан, почитуван. Возљубен господару. Возљубено чедо.
воин | м.
Лице што војува, што учествува во војна. Станал воин. Суров воин. Најдобри воини.
воинствен | прид.
Што е борбен, што пројавува склоност, стремеж за војување. Воинствена душа. Воинствено племе. Воинствени мажи.
воинственик | м.
Тој што е воинствен. Храбар воинственик.
воинство | ср.
Вештина на војување. Воинството им е во крвта.
вокабулар | м.
Фонд на зборови, речничко богатство на еден јазик, на еден човек или на слој луѓе, на писател, книга и сл.
вокал | м.
(грам.) Самогласка, глас што се изговара без допир меѓу деловите на усната празнина така што воздушната струја поминува слободно.
вокален | прид.
(грам.) Што се однесува на вокал Вокалниот сегмент е носител на слогот.
вокализа | ж.
Вокална композиција напишана како вежба за пеење без текст, во која се пеат само вокали. Денес ќе вежбаме неколку вокализи.