вокализација | ж.

Јасен изговор на вокалите при зборување или при пеење.

вокализира | св. и несв.

Претстави, претставува со гласови, со пеење. Некои од напишаните песни успешно ги вокализирал.

вокалист | м.

Пејач, тој што има добар глас за пеење. Групата нема вокалист. Тие се врвни вокалисти.

вокатив | м.

Форма на именката што служи за повикување или за обраќање.

вокативен | прид.

Што се однесува на вокатив. Вокативна форма. Вокативно потекло.

вокација | ж.

Наклонетост, дарба кон некое занимање или професија; животна определба. Тој ѝ останува доследен на својата поетска вокација. Рацин е поет по вокација.

вокмен | м.

Мал касетофон, транзистор со слушалки.

вол | м.

Вид домашно животно, машко говедо, скопено и возрасно, што служи за впрегнување; Bos taurus. Низ полето рикаше вол. Ги впрегна двата вола. Делкаше јарем за волови.

волан | м.

Направа во вид на тркало што служи за управување на автомобил, моторен чамец и сл. Сигурно го држеше воланот на камионот.

Волга | ж.

Река во Русија.